Пронајдени гранати во Охридското Езеро

Вчера во 07.00 часот во ПС Охрид, И.А. (35) од Охрид пријавил дека на околу 50 метри од плажата до ПС за ГН Охридско езеро забележал две експлозивни направи, најверојатно гранати од постар временски период.

Полициски службеници од ПС за ГН Охридско езеро извршиле преглед при што на околу 50 метри од брегот на длабочина од околу три метри забележани се две гранати. За настанот бил запознаен и Центарот за управување со кризи.