Танасоски: Неправилности и несериозност во раководењето со Детската Градинка „Јасна Ристеска“

Четири години по ред укажуваме за неправилностите и несериозноста во раководењето со Детската Градинка „Јасна Ристеска“Најстрашно е што самоволието во управувањето и раководењето на оваа јавна установа е на штета на родителите, воспитнообразовниот процес, а најмногу на децата.“– рече на денешната прес -конференција Ѓоко Танасоски, член на Извршниот Одбор на СДСМ и додаде:

„Реконструкцијата на централниот објект од градинката, за којашто неколку пати досега алармиравме и баравме извештај, а којашто пред неколку месеци требаше да биде готова, се уште не е завршена.Со месеци децата од оваа градинка се преместувани во други објекти и згрижувани во групи со голем број деца, несоодветно на пропишаните стандарди. Од друга страна пак, партиципација се наплаќа еден месец одапред а воспитувачките се приморани да не ги примаат децата до исплаќање на обврскитеДиректорката на оваа установа, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, на родителите им наметнува и дополнителни трошоци за литература којашто е спротивна на Законот за детска заштита. Оваа задолжителна литература којашто им се наметнува на децата е во издание на издавачката куќа ЕДУКА МАК.“ – рече  Танасоски.

Како што кажа Танасоски, директорката, како и членови на нејзиното семејство работеле како автори, коавтори, рецензенти за оваа издавачка куќа.

„Додека Никола Груевски како и секогаш пред избори, безобразно лаже за градинките, досегашниот молк на институциите за овие неправилности покажува сериозен недостаток на совест и грижа за најмладите.

Предупредуваме, по промената на власта на 11 Декември, ќе биде направена целосна ревизија на работењето на градинката и секој којшто го прекршил законот ќе одговара.“– заврши Танасоски.

pres-17-10-2016

WebOhrid