Доделени пакети со основни животни намирници на социјално ранливи семејства

Во рамки на „Неделата за борба против гладта“, денес, општина Охрид во соработка со општинската организација на Црвен Крст, на социјално ранливите семејства им доделија пакети со основни животни намирници. Во име на општина Охрид, пакетите ги доделуваше заменик градоначалникот, Ангел Јанев, кој истакна:

„Оваа недела е посебно важна бидејќи преку помошта на граѓаните од социјално ранливите групи се подигнува и јавната свест за грижа кон нив. Таа свест е постојано присутна во Охрид и благодарение на таа свест голем број на наши сограѓани кои се од социјално поранливите категории постојано имаат помош од едната страна, а од другата страна, повторно преку Црвен крст се организираат сите оние институции кои што се од приватен и од јавен карактер да се придружат кон оваа акција како и Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески.“- рече Јанев.

humanitarni_paket-_23_okt_4852

Оваа година општина Охрид и Локалната самоуправа доделија 70 хуманитарни пакети.

„Во името на Црвен крст – Охрид, морам да упатам благодарност кон општина Охрид за континуираната поддршка која ја добиваме во социјалната сфера и која поддршка многу значи за подобрување на социјално ранливото население во градот. Можам да кажам дека на апелот во текот на оваа кампања се јавија многу граѓани, институции, фирми и маркети кои што ја поддржуваат акцијата и покажуваат дека нивното подарено малку за некого значи многу“, рече Мимоза Ставрева од ОО Црвен крст Охрид.

Денешниот настан претставува продолжување на низата активности кои Локаланта самоуправа ги презема за да им се излезе во пресрет на овие семејства.

humanitarni_paket-_23_okt_4853