Хуманитарна акција на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Хуманитарна акција на средношколската младинска организација при ОУТУ „Ванчо Питошески“ под мотото „Помислете и на нас“ по повод Неделата на борба против гладта (16-22 октомври).

Учениците заедно со професорите донираа парични средства и прехранбени производи за гладните деца, а со тоа покажаа дека нивното срце е отворено и болката околу нив е и нивната болка.

14813532_10210838184300396_865850224_n-1

Со собраните парични средства учениците купија прехрамбени производи и заедно со останатите собрани продукти ги донираа во Црвен крст – Охрид. Покажувајќи ја својата хуманост на дело учениците сакаат да го направат подобар животот на гладните и сиромашните, зашто нивното малку може да биде многу за оние коишто немаат ниту малку.

14794053_10210838156859710_1896861560_n