ДЗС: Просечната плата во август изнесувала 22 294 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2016 година, во однос на август 2015 година, изнесува 101.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (10.1%), Административни и помошни услужни дејности (6.6%) и Преработувачка индустрија (4.3%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (3.0%), Преработувачка индустрија (2.2%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (0.9%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2016, изнесува 22 294 денари.

Во август 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.