Сензорна соба за децата со посебни потреби во ОУ „Св.Климент Охридски“

Црвен крст Охрид со поддршка на Американскиот мировен корпус во Македонија и во соработка со ОУ „Св.Климент Охридски “-Охрид за потребите на децата со посебни образовни потреби кои ја следат наставата во ова училиште, опреми посебна сензорна соба.

Специфичната опрема и реквизити кои се инсталирани во сензорната соба, стручниот тим на дефектолози од училиштето и волонтери на Црвен крст Охрид кој ќе работи со овие деца во сензорната соба, во многу ќе придонесат за поефикасно следење на наставата и олеснување на потешкотиите во психофизичкиот равој кај овие деца.

Отворање на сензорната соба ќе се случи на 28ми октомври (петок) во 11 ч. во ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид.