„Благородник“од Молиер на 11ти ноември пред охриѓани

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / Охридскиот народен театар, во петок (11 ти ноември) ќе ја изведе претставата „Благородник” од Молиер, во режија на Дејана Николовска.

Претставата е со почеток во 20:00 часот, а влезот чини 150 денари. Картите се во продажба на билетарницата на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Христина Цветаноска, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Јасмина Билаловиќ, Сашо Ристовски, Павел Маслов, Ивица Цонев, Лазар Милошески, Марија Неданова.Костимографијата, сценографијата и светлото се на Милена Пантелеева од Бугарија.