Кривична пријава за охриѓанец поради пустошење шума

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М. (36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шума“.

На 16.09.2016 година во 15.10 часот на регионалниот пат Охрид-Ресен, во близина на с. Опеница, од страна на полициски службеници затекнат е пријавениот како управува товарно возило во кое превезувал 4,9 кубни метри бесправно исечени огревни дрва.