Во Црна Гора живеат 47 милионери

Во Црна Гора живеат 47 милионери, додека 206 компании имаат депозити, односно заштеда поголема од еден милион евра, покажуваат податоците на централната банка на таа земја.

На крајот од третиот квартал годинава, вкупната заштеда на физичките лица во Црна Гора изнесува 1,5 милијарди евра, односно 52 проценти, додека депозитите на правните лица изнесуваат 1,4 милијарди евра, што претставува 48 отсто од вкупните депозити во системот.

Вкупните заштеди се речиси една милијарда евра од буџетот на Црна Гора проектиран за оваа година.

Извор: meta.mk