Кривична пријава за кичевчанец кај кого било пронајдено оружје и муниција

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Р.В.(39) од Кичево.

Кон крајот на септември оваа година, при претрес извршен во неговиот дом, пронајдени се пет куршуми пиштолска муниција калибар 7,62 милиметри, еден куршум за ловен карабин калибар 8,57 милиметри и еден куршум калибар 7,62 милиметри за пушки и митролези.

По извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, констатирано е дека петте куршуми калибар 7,62 милиметри се пиштолска муниција наменета за полуавтоматски пиштоли како и други модели на автоматски огнени оружја, куршумот со калибар 8,57 милиметри е муниција наменета за испалување од огнено оружје-ловен карабин додека куршумот со калибар 7,62 милиметри е муниција наменета за испалување од огнени оружја пушки и митролези.