Самбо репрезентативците ќе настапат на СП во Софија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ги прими самбо репрезентативците на Македонија кои ќе настапат на Светското првенство за сениори од 10 до 14 ноември во Софија, Бугарија. Ристо Димитров, Александар Петковски и Амра Фејзула се нашите претставници кои ќе настапат во различни категории. Димитров (-68 кг) и Петковски (100 кг) ќе настапат во комбат самбо, а Фејзула (-60 кг) во спорт самбо.Репрезентацијата ја предводи претседателот на Македонската самбо федерација, Ердал Факиќ, кој ќе учествува на Конгресот на Свестката самбо федерацаја –ФИАС, како и тренерот Џемаил Идризи. На Конгресот ќе се направи напор Македонија да биде организатор на Европското првенство за сениори во 2018 година. Инаку, ова е трето учество на светските првенства по настапите во Јапонија и Мароко, каде нашиот репрезентативец Славчо Тодоров (-90 кг) се пласира на седмото местошто е најдобар пласаман нa светските првенства во самбо на еден наш натпреварувач. Натпреварувачите се добро подготвени, и очекуваат добар пласман.Според најавите на организаторот, на СП треба да присуствува и претседателот на Руската Федерација, Владмир Путин.

Спасески им посака многу успех на претстојниот светски шампионат и додаде дека Агенцијата за млади и спорт секогаш ќе застане зад успешните спортисти. Настапот на самбо репрезентативците во Софија е потпомогнат од Агенцијата со 100 000 денари.