ВМРО-ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со уште пет граѓански здруженија

По вчерашните четири, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска потпиша меморандум за соработка со уште пет граѓански здруженија: Федерација на фармери, Асоцијација на земјоделци, Здружение на припадници на безбедносните сили БЕДЕМ, Горанско друштво и Здружението на Македонци со исламска вероисповед.

Откако ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста на граѓаните, на транспарентен начин и партнерство со различни групи во општеството решивме многу прашања и барања на граѓаните. Работата на ВМРО-ДПМНЕ се заснова на принципи- постоење на обемна и квалитетна програма, отчетно и транспарентно работење, рече Груевски и додаде дека дадениот збор се исполнува со многу работа, чесност и принципи.

Со целата наша енергија се трудиме да решиме што е можно повеќе прашања, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, вчера беше потпишан меморандум за соработка со 4 граѓански здруженија- Сојузот на земјоделци, Здружение за културно обединување на Бошњаците, Коалиција на Египќаните и Здружение за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

ВМРО-ДПМНЕ е партнер со граѓаните, таа соработка трае со години, подвлече Груевски, по вчерашното потпишување на меморандумот.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш била отворена за соработка, отворена за секоја идеја која ќе значи напредок за државата, занови успеси, развој и надминување на предизвиците. Секогаш сме биле партнер со граѓаните. Граѓанинот е во центарот на нашето внимание, нашата меѓусебна соработка со граѓанскиот сектор, со вистинскиот граѓански сектор трае со години наназад, истакна вчера Груевски.