Со свеченост ќе се одбележат 73 години од формирањето на Првата МКНОУПБ

Делегации на Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, утре во селото Сливово ќе организира свеченост.

П Р О Г Р А М А

10:30ч с.Сливово

– Положување на свежо цвеќе на споменикот во с.Сливово.

– За борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува Наце Иваноски – Професор по историја.

– Посета на спомен домот.

11:15ч с.Белчишта

– Посета на спомен собата.

11:30ч

– Положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и жртви на фашизмот во с.Белчишта.

11:40ч

– Посета на ликовната галерија.

11:50ч

– Ликовна изложба во училишниот хол на ОУ “Дебрца” во с.Белчишта.

12:00ч

– Свечена програма по повод Патрониот празник на ОУ “Дебрца” во с.Белчишта.