Облачно време со дожд

Времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд. На повисоките планини се очекува да падне снег. Според УХМР, пообилни врнежи ќе има во попладневните часови во северозападните и североисточните делови на земјата, а ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.Минималната температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 10 до 16 Целзиусови степени.

За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди, а утринските температури на одредени места од земјата ќе се спуштат и под нулата.