Разрешени 291 вработени во турската морнарица

Турското министерство за одбрана привремено суспендира 168 офицери и 123 подофицери од морнарицата, поради сомнение дека се поврзани со обидот за државен удар, извршен 15 јули.

Како што јавуваат турските медиуми, Министерство за одбрана им доделил откази на 15 офицери и четворица подофицери од флотата.

По неуспешниот обидот за преврат, турските власти им доделија откази или суспендираа повеќе од 110.000 судии, наставници, полицајци и државни службеници, а над 36.000 се уапсени.

Извор: meta.mk