Од полноќ горивата поевтинуваат за 3 денари

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 6,60%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 31.10.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,644 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 31.10.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,947 ден/кг.