Средба на Заменик министерот Нухиу со Амбасадорот на Словенија во Македонија Милан Јазбец

„Соработката со словенечките институции во областа на полицијата е од голема важност за нашите определби за евро-атлантските интеграции“, истакна Заменик министерот д-р Нухиу на средба со Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Н.Е.Милан Јазбец.

Регионалните предизвици поврзани со бегалската криза и организираниот тероризам ја определуваат, односно ја наложуваат потребата за продлабочување на соработката во областа на државната и јавна безбедност помеѓу земјите од регионот.

Република Словенија е една пријателска земја, која силно ја поддржува Република Македонија во реализирањето на нејзините суштински европски стандарди за чија поддршка г.Нухиу изрази длабока благодарност со силно убедување дека истата ќе продолжи и во иднина.

img_3597