Голем успех на Владимир Василевски-Четкар на азиската турнеја

Во рамките на првиот дел од големата азиска турнеја Четкар и неговиот септет одржаа концерт на отворањето на еден од најголемите џез-фестивали во Азиjа и во светот „Интернационален Јарасум џез-фестивал“ (Jarasum International Jazz Festival), а имаа и настапи на „KF Sheonggyecheon Music Festival“ во Сеул …

Во текот на декември, македонскиот џез-музичар Владимир Василевски-Четкар со неколку концертни настапи ја продолжува својата азиска турнеја која се одржува со поддршка од Министерството за култура. На 4 декември Четкар настапува на Интернационалниот Пенанг џез-фестивал во Малезија, на 10 декември ќе одржи концерт во Куала Лумпур, Малезија, додека, пак, на 12 декември со неговиот концертен настап ќе се отвори Интернационалниот Пном Пен џез-фестивал во Камбоџа каде што ќе се претстави пред тамошното кралско семејство и дипломатскиот кор. На 25 декември Четкар ќе одржи концерт во Мумбаи, Индија, на најголемиот колеџ-фестивал во цела Азија, „Муд Индиго“.

Во рамките на првиот дел од големата азиска турнеја Четкар и неговиот септет одржаа концерт на отворањето на еден од најголемите џез-фестивали во Азиjа и во светот „Интернационален Јарасум џез-фестивал“ (Jarasum International Jazz Festival), а имаа и настапи на „KF Sheonggyecheon Music Festival“ во Сеул. Четкар на концертите во Кореја беше придружуван од Коди Роландс на труба, Арон Хенри на тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Лукас Холмс на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани. Двата концерта ги следеа илјадници фанови на џез-музиката, кои направија спектакуларна атмосфера, што претставува огромен успех и голема гордост за Република Македонија.

cetkar_640_-3