Притворени 103 професори во Истанбул

Турското обвинителство денеска наложи притвор за 103 професори од универзитет во Истанбул, во рамки на истрагата чија мета се приврзаниците на имамот Фетулах Ѓулен, јави телевизиската станица НТВ.

Анкара го обвинува Ѓулен дека го организирал неуспешниот пуч на 15 јули во Турција, но тој го демантира тоа.

Во прашање се професори од Технолошкиот факултет.

Турскиот весник „Хуријет“ на својата веб-страница објави дека веќе 70 професори се приведени во истовремени рации во градот.

Рациите ги спровеле припадниците на полицијата за борба против организиран криминал.

(Фото: Flickr)

Извор: meta.mk