Работна посета на претседателот Иванов на Р. Бугарија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на 21 и 22 ноември 2016 година, ќе престојува во работна посета на Република Бугарија.

На 21 ноември, понеделник, претседателот Иванов ќе ја посети Бугарската академија на науките во Софија, каде ќе оствари средба со академик Стефан Воденичаров, претседател на Бугарската академија на науки и ќе одржи предавање на тема „Миграциите и мигрантите: предизвици за третиот милениум“. Бугарската академија на науките, на свечена церемонија, на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе му ја додели титулата „Почесен доктор на науки“ на Бугарската академија на науките.

На 22 ноември, вторник, претседателот Иванов ќе оствари средби со претседателот на Република Бугарија, г. Росен Плевнелиев, и со новоизбраниот претседател на Република Бугарија, г. Румен Радев, на кои ќе биде разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за унапредување на билатералната и регионалната соработка.