Универзален ден на детето

Со резолуцијата 836 (IX) од 14 декември 1954 година, Генералното собрание на Обединетите нации, препорачува сите земји да го одбележат Универзалниот ден на детето, да се почитува како светски ден на братството и разбирањето помеѓу децата. Се препорачува денот да се почитува и како ден за активности посветени на промовирање на идеалите и целите на Повелбата за благосостојбата на децата во светот. Собранието предложи владите да го одбележат Денот на датум и начин на кој сметаат дека е соодветен. Датумот 20 Ноември го одбележува денот на кој Собранието ја усвои Декларацијата за правата на детето, во 1959 година, како и Конвенцијата за правата на детето, во 1989 година.

Конвенцијата ги опфаќа правата на децата, вклучувајќи го и правото на живот, здравје, образование и игра, како и право на семеен живот, да бидат заштитени од насилство, да не бидат дискриминирани, и да се слушнат нивните ставови.

Врз основа на Конвенцијата и заедничките напори од страна на сите земји и региони, на Универзалниот ден на детето се промовираат и прославуваат правата на децата и преку дијалози и акции постојано се гради пријателска средина за децата во светот.

WebOhrid