Научна конференција „75 годишнината од отворањето на албанските училишта во Косово и западна Македонија“

Трите албански центри по албанологија : ИДКНА – Скопје , Институтот за албанологија од Приштина и Центарот за албанолошки студии од Тирана, денеска во Скопје одржаа научна конференција на тема: „ 75 годишнината од отворањето на албанските училишта во Косово и западна Македонија“.

На конференцијата присуствуваа министерот за образование и наука на Република Македонија, Пиштар Лутфиу, министерот за образование, наука и технологија на Косово Арсим Бајрами, проф.д-р Скендер Асани (ИДКНА – Македонија), академик Маренглен Верли (ЦАС – Албанија), проф. д-р Хисен Матоши (ИА – Косово).

Во своето поздравно обраќање, министерот Лутфиу ја истакна значајната соработка на трите институти – Скопје , Приштина и Тирана .

„… Соработката меѓу Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје, Институтот за албанологија во Приштина и Центарот за албанолошки студии во Тирана е најдобра порака за соработка меѓу нашите центри во насока на координација на активностите, и во други области од научен и јавен интерес.

Овој модел треба да се следи и од другите институции кои имаат потреба да ги здружат силите и знаењата со цел да се реализираат нашите капацитети во рамките на заедничката кауза“, рече Лутфиу.

Министерот Лутфиу го честиташе денот на албанската азбука со надеж дека на оваа конференција ќе се појаснат и многу недокажаности за историјата на албанските училишта и образованието.