Ново рекордно најниско место за Македонија на ФИФА рејтинг листата

Ново рекордно најниско место за Македонија на ФИФА рејтинг листата. По поразот од Шпанија со 0:4 во Гранада, нашата репрезентација забележа пад од -7 места и моментално се наоѓа на 162 место на најновата ФИФА рејтинг листа.

На врвот од ФИФА рејтинг листата останува Аргентина, а промени има на второто место каде што се искачи Бразил, а со тоа Германија падна на третото место.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Ерменија со скок од +38 места се искачи на 87 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Чад од -49 места и се најде на 152 место.

WebOhrid