Кривична пријава за стружанец поради оштетување или повластување доверители

ПС Кичево поднесе кривична пријава против Г.М. (55) од Струга и против правниот субјект „Извор“ ДОО Извор-Кичево, со седиште во с.Извор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или повластување доверители“.

Пријавениот Г.М. во текот на 2014, 2015 и 2016 година во својство на одговорно лице- управител на правниот субјект ТДТК „Извор“ ДОО Извор-Кичево, склучувал договори за отстапувања на побарувањата-цесија, иако знаел дека правното лице од 15 август 2013 година станало неспособно за плаќање. Склучените договори за цесија, кои пријавениот правен субјект и одговорното лице Г.М. ги отстапувале своите побарувања на неколку цесионери од Скопје, Струга и Кичево, немале деловоден број. Со таквите договори, пријавениот Г.М. нив намерно ги ставал во поповолна положба во однос на доверителот Министерството за финансии-УЈП Регионална дирекција Тетово, причинувајќи му на министерството материјална штета во износ од 2.616.409 денари.