Меѓународен ден за борба против насилството врз жените

Денес на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, заменик министерот д-р Нухиу го посети семејството Јонузи ( висок полициски службеник во пензија), едно семејство каде жената ужива најголема семејна почит.

„Да ја почитуваме жената, вредност која нема еквивалент во семејството. Секоја жена е херој на својот живот!“, истакна заменик министерот. Исто така, нагласи дека е потребно да се ослободиме од појавата на насилство врз жената. Воeдно, како политички претставници во МВР и институционално сме активни во спречување на појавата на семејното насилство.