ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани и Охрид знаат да ја препознаат лагата во вас

Во врска со денешната изјава на носителката на кандидатската листа на СДСМ во изборна единица 5, Радмила Шекеринска, реакција испрати ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, во која стои:

„СДСМ заедно со нејзините челни луѓе, а особено со оние кои се на нејзината сцена и во време на црната транзиција и денес како што е г-ѓа Шеќеринска несомнено преставуваат виновници за огромен број на штети направени врз граѓаните на Република Македонија. Таквите негативни влијанија од нивна страна делуваат во сите пори на општеството низ целиот македонски народ. СДСМ и Шеќеринска недвосмислено покажа дека се спремни да ја редефинираат Република Македонија, да ја разнебитат, да ги скршат националните вредности само за да дојдат на власт при што овде посебно треба да се потенцира дека СДСМ има намера да воведе двојазичност со што суштински ќе ја измени уставната конститутивност на Македонија. Токму некои вакви констатации од СДСМ треба Шеќеринска да ги објасни пред Охрид и Охриѓани, но и пред целокупната македонска јавност. Но, на Охрид и охриѓани им е јасно дека СДСМ водат кампања со лажни ветувања за граѓаните со паушални изјави без никаква конкретна подлога. Охриѓани и тоа како го согледаа горчливиот период на владење на СДСМ и на локално и на државно ниво. Зарем 50 милиони евра долг и пустош во секој сегмент во градот Охрид не е доволен доказ за каква политика се залага и Шеќеринска и СДСМ. Зарем во општина со рекордна задолженост во времето на СДСМ Шеќеринска сега се присетува да прави стратегија за млади. Шеќеринска кога истакнува небулозни изјави за младите треба да се потсети на сите реформи кои ги донесе ВМРО ДПМНЕ токму во таа област. Но исто така треба да се присети на процентот на невработеност кој беше во времето на СДСМ од 38 проценти, а денес благодарение на политиката на ВМРО ДПМНЕ изнесува под 27, 6 проценти. Зарем подпретседателката на опозициското СДСМ Радмила Шеќеринска има политичко лице да зборува против власта на ВМРО ДПМНЕ мислејќи дека македонската јавност го заборава т.н “бонбона бизнис”- продажбата на ЕСМ и аферата со плаќање на кирии и што уште не. Младата интелектуална сила и младата популација на Охрид и Македонија добро знае дека токму СДСМ и Шеќеринска се виновници за огромен број на затворени фабрики, за останување без работа на нивните родители, за голата егзистенција во времето на СДСМ, но и добро знаат да направат компарација со денешното отворање на нови фабрики, странски инвестиции донесени токму од Владата на ВМРО ДПМНЕ, со домаќинското и отчетно работење на ВМРО ДПМЕ. 

Очигледно г-ѓо Шеќеринска им должите одговор на сите, а притоа говорите само празни фрази во изминативе години, а истото го повторувате и денес. Охриѓани и Охрид знаат да ја препознаат лагата во вас. Народот ја препознава вистинската страна на изминативе неколку изборни циклуси кога се повеќе и повеќе Ве отстрануваат од политичката сцена, а крајниот исход со вашиот политички крај сигурни сме дека ќе биде на 11 декември.“- стои во реакцијата.