Девојка од Пештани паднала во провалија на планината Галичица

Вчера во 15:45 часот на планината Галичица, после м.в. „Корита“, Н.Џ. (21) од Пештани, охридско, додека се движела со нејзиниот пријател, се лизнала и паднала во провалија.

На местото на настанот излегле екипи на Итна медицнска помош и Територијалната противпожарна единица Охрид. Од страна на ТППЕ, Н.Џ. била извлечена од провалијата и била пренесена во Медицински центар Охрид. Констатирано било дека истата е вон животна опасност, а карактерот на повредите дополнително ќе биде утврден.