Во акција на ЕВРОПОЛ Запленети над 4500 нелегални домени за продажба на фалсификувани производи

Повеќе од 4500 имиња на домени што нелегално продавале фалсификувани производи на потрошувачите на интернет беа запленети од страна на службите за спроведување на законот во заедничка глобална операција. Операцијата In Our Sites (IOS) VII беше насочена кон веб-страници кои ги кршат авторските права и пазари во трети страни што продаваат луксузни стоки, спортска опрема, резервни делови, електроника, фармацевтски производи, тоалетни производи и други лажни производи.

Служби за спроведување на законот од 27 земји , здруженија за заштита од фалсификати и претставници од сопственици на брендови учествуваа во оваа голема акција, која беше координирана и потпомогната од страна на Координирана коалиција на Европол за криминал во областа на интелектуалната сопственост IPC, Националниот координативен центар за права од интелектуална сопственост на САД и Интерпол.

„Во рамки на овогодишната операција IOS VII беше забележано значително зголемување на бројот на запленети имиња на домени во споредба со минатата година. Овој одличен резултат покажува колку ефективната соработка меѓу службите за спроведување на законот и партнерите од приватниот сектор е од витално значење за интернетот да стане побезбедно место за потрошувачите. Преку Координираната коалиција за криминал во областа на интелектуалната сопственост IPC, Европол ќе продолжи тесно да соработува со своите партнери за да ја подобри борбата против криминалот во областа на интелектуалната сопственост на интернет и во реалноста’’ вели Роб Вејнрајт, директор на Европол.

Интернетот стана основен канал за е-трговија, а фалсификувачите сè повеќе ја искористуваат глобалната мрежа (World Wide Web) за измама, продажба и достава на фалсификувани производи директно до несвесните клиенти. И покрај тоа што изгледа како овие производи да се добра зделка, сепак тие поставуваат сериозен ризик за здравјето и безбедноста на купувачите.

Со цел да се зголеми свесноста за оваа закана, IPC на Европол денес ја активира кампањата “Don’t F***/Fake Up’’. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за ризикот од купувањето на лажни произвои на интернет и да се обезбеди директен совет за помош при идентификација на нелегалните веб-страници кои продаваат стоки, како и други средства што ги користат фалсификувачите, како што се лажните профили на друштвени медиуми и лажни апликации.