Рибокрадци фатени на плажата кај хотел „Белви“

Вчера во 19:30 часот во водите на Охридското Езеро, на плажата кај хотел „Белви“, полициски службеници од ПС за ГН-Охридско Езеро, при излегување од водата во чамец ги затекнале лицата Б.Б., Р.Б., С.Б. и З.Ц.

Лицата се приведени во полициска станица и од истите, со потврда за привремено одземени предмети, одземени се 117 парчиња риба-белвица со вкупна тежина од 12 килограми, 5 рибарски мрежи и 1 метален чамец.