Ден на човековите права

Денот на човековите права се одбележува секоја година на 10 декември, односно го одбележува денот на кој, во 1948 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права. Во 1950 година, Собранието ја изгласа резолуцијата 423 (V), поканувајќи ги сите членки и заинтересирани организации да го означуваат 10 декември секоја година како Ден на човекови права.

Оваа година, Денот на човековите права ги повикува сите да застанат во одбрана на нечии права. Непочитувањето на основните човекови права продолжува да биде широко распространето во сите делови на земјината топка.

Ние мора да ја потврдиме нашата заедничка хуманост. Каде и да сме, ние може да направиме вистинска разлика. На улица, во училиште, на работа, во јавниот превоз, зад параванот за гласање, на социјалните медиуми.

Времето за тоа е токму сега. „Ние луѓето“ заедно може да заземеме став за правата и за поголема хуманост. Таа започнува со секој од нас. Треба да се чекори напред и да се бранат правата на бегалците или мигрантите, лицата со хендикеп, жените, децата, домородните народи, малцинските групи или било кој друг којшто е во ризик од дискриминација или насилство.

WebOhrid