Тајзи ја „вози“ новата песна во латино ритам

Откако пред две неделta Тајзи ја промовираше песната „Вози“ на српски јазик, деновиве реши да ја пушти и македонската верзија која звучи како сосема различна песна. Македонската верзија е авторско дело на Лазар Цветковски, со текст на Тајзи и е во латино ритам.

За кратко време, пејачот ветува нов македонски хит и тоа токму на неговиот роденден на 21 декември. До излегувањето на новата песна, останува да ја преслушаме „Вози“ во нов ритам.