Почина Есма Реџепова

Утрово, по кратко и тешко боледување на 73 годична возраст почина кралицата на ромската музика, нашиот музички амбасадор во светот, Есма Реџепова Теодосиевска.

Есма Реџепова, во 2013 година ја доби и престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Таа никогаш не родила свои деца, но посвоила и одгледала 47. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“. Мајката на најмногу деца во Македонија има повеќе од 100 внуци и правнуци.

За деталите околу погребот јавноста ќе биде дополнително информирана.