ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 444.014, а СДСМ 428.683 гласови

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 444.014 гласови, СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија – 428.683, ДУИ – 85.774, Движењето Беса – 57.749, Алијанса за Албанците – 35.103 и ДПА – 30.971 глас, соопшти претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, рано изутрината на прес-конференција, по обработени 99,34 отсто од гласовите.

ДИК соопшти дека во текот на денот ќе излезат со првичните резултати од гласањето на предвремените парламентарни избори и дека тогаш комисијата ќе се произнесе со оценка за изборниот процес.

До ДИК немало пристигнато приговори во врска со гласањето.

Оттаму не дадоа првични и прелиминарни резултати за распределбата на мандати (пратеници), туку најавија дека за тоа ќе известат во текот на денот бидејќи има уште мал процент на гласови кои треба да се добројат.

Извор: meta.mk