Соопштение за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ во 2016

С О О П Ш Т Е Н И Е

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр. 52/06, 54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на седницата одржана на 24.11.2016 година донесе

О Д Л У К А
за доделување на државната награда
„Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2016 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија

1. За остварување во областа на публицистиката, државната
награда му се доделува на:

– Аљуш Камбери, публицист.

2. За остварување во областа на новинарството, државната
награда му се доделува на:

– Тони Димков, новинар.

Оваа одлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Македонија”.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2016 година (среда) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.

Претседател на Одборот
за доделување на државната награда
„Мито Хаџи Василев-Јасмин”
Јордан Плевнеш