Мрежен настан во Охрид организиран од фондацијата „Чекор по чекор“ -УСАИД

Компонентата Заедници за учење во рамките на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ спроведуван од Фондацијата Чекор по Чекор – Македонија, утре во ОУ „Братство Единство“ Охрид организира мрежен настан, со почеток во 11:30 часот.

На настанот ќе учествуваат 60 наставници- претставници од четири основни училишта од регионот, и тоа: ОУ „Братство Единство“ – Охрид, ООУ „Сташо Пинџур“ – Вевчани, ООУ „Мите Богоески“ – Ресен и ООУ „Славко Лумбарковски„ Новаци и претставува можност за одделенските наставници, стручните служби и раководствата од училиштата да разменат идеи за подобрување на почетната писменост кај учениците.