Продолжува предновогодишната забава на плоштадот во Охрид

На Градскиот плоштад и денеска продолжи реализацијата на дванаесетдневната предновогодишна програма што ја организира Општина Охрид. Денес настапија учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ со културно – уметничка програма.

Програмата ќе се одржува секој ден до 31 декември, во период од 12 часот до 14 часот. Предновогодишната програма веќе трета година се реализира во ваков формат, а целта е да се вклучат што поголем број на млади учесници.

This slideshow requires JavaScript.

А.Андриоски