Силен земјотрес ги погоди Австралија и Индонезија

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска ги потресе северните делови на Австралија, но засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Предупредување за цунами не е објавено, соопшти американскиот сеизмолошки завод.

Земјотресот е регистриран во морето, кај источниот брег на Индонезија, на околу 270 километри од Дили, на длабочина од 158 километри.

Извор: meta.mk

(Фото: Flickr)