Кривична пријава за двајца охриѓани кај кои била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С. (26) и П.А. (23), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При извршен преглед над возило управувано од П.А., во кое бил и С.С., пронајдена и одземена била 40,26 грама наркотична дрога марихуана.