Понеделник неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 јануари 2017 година (недела), Нова Година, односно 2 јануари 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата Година.