Пронајдена дрога кај охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.М.(35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Во ноември 2015 година, извршен е претрес во домот и возилото на пријавениот при што пронајдена е наркотична дрога марихуана во количина од 88,79 грама.