Предновогодишен настап на учениците од ОУ „Христо Узунов“

Во рамки на предновогодишните празнувања кои започнаа на 20ти декември на градскиот плоштад Св. Климент Охридски, денеска со културно-уметничка програма настапија учениците од Основното училиште „Христо Узунов“.

Утре, во редовниот термин од 12 до 14 часот настапуваат учениците од средното училиште „Св.Климент Охридски“, а предновогодишните празнувања завршуваат во петок на 30ти декември со настап на учениците од ОУ „Григор Прличев“.

This slideshow requires JavaScript.