Доделени дипломи за завршена обука за напреден спортски менаџмент (Втора генерација)

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски ги додели дипломите за завршена Обука за напреден спортски менаџмент на 8 (осум) претставници на Олимписките спортски организации, високо образовните и државните институции.

Меѓународниот олимписки комитет ги доби завршните трудови на нашите кандидати во однос на шестте модули (Стратешки менаџмент, Финансиски менаџмент, Спортски Маркетинг, Организација на спортски настани, Менаџмент на човечки ресурси и Организација на Олимписки спортски организации) и согласно горе наведеното, со највисок успех, обуката ја завршија:

  • Билјана Велковска Смилановска – Фудбалска федерација на Македонија;
  • Дарио Милески – Федерација за коњички спортови на Македонија;
  • Татјана Блажевска – Агенција за млади и спорт на Република Македонија;
  • Нада Рочевска – Факултет за физичко образование, спорт и здравје;
  • Вук Карановиќ – Одбојкарска федерација на Македонија;
  • Владимир Томиќ – Македонска тениска федерација;
  • Вероника Велковска – Македонска спортско стрелачка федерација;
  • Гоце Чипишков – Кугларска федерација на Македонија.

Во тек е обуката на третата генерација на претставници на Олимписките спортски организации и државните институции.