СВР Охрид им делеше новогодишни лампиони на возачите

Во пресрет на новата 2017 година, СВР Охрид, ја реализира традиционалната активност – новогодишен подарок за туристите. На булеварот „Македонски просветители“ пред кружниот тек на Градскиот плоштад, портпаролот на СВР Охрид – Стефан Димоски, заедно со неколку полициски службеници им доделија лампиони на возачите.

„На овој начин, со доделување на новогодишен лампион, сакаме на охриѓани и на туристите кои ќе слават во Охрид, да им посакаме среќна и безбедна 2017 година.“ – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid