Телеграма од Заев до граѓаните на Турција за терористичкиот напад

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати телеграма со сочуство до граѓаните на Република Турција, до премиерот на Турција Бинали Јилдирим и до претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.

„Изразувам длабоко жалење и искрено сочуство до семејствата на жртвите во терористичките напади во Истамбул, до граѓаните на Р.Турција и до вас.

Најостро го осудуваме грозоморниот новогодишен крвав инцидент во којшто според последните информации има околу 39-мина загинати и речиси двојно ранети.

Да се стрела кон невини граѓани и кон полиција на прослава на новогодишната ноќ, под маска, е нехумано и кукавички.

Овој терористички акт уште еднаш покажа дека е потребна уште поорганизирана и позасилена активност на државите во светот против тероризмот, како глобална закана за современиот свет.

Во овие моменти кога стигнуваат нови информации за напад во џамија попладнето во Истамбул, за време на молитва, важно е да се дејствува мудро и сеопфатно во заштита на безбедноста на граѓаните.

Се надеваме дека сторителите ќе бидат откриени од надлежните органи и соочени со правдата“.