Утре ќе се одржи Бадниковата литија низ улиците на Охрид

Во пресрет на Христовото раѓање – Божиќ, утре по 4–ти пат ќе се одржи Бадниковата литија во нашиот град. Поворката со над 300 деца во 10:30 часот ќе тргне од црквата Св.Ѓорѓи, преку улиците „Јане Сандански“ и „Кеј Македонија“ ќе заврши на плоштадот „Св.Климент Охридски“, каде ќе бидат дарувани децата коледарчиња. Манифестацијата ќе заврши со ручек во црквата Богородица – Каменско.

Во чест на Христовото раѓање Божиќ, на градскиот плоштад е поставена макета на пештерата која го наговестува денот на христовото раѓање, изработена од монахињите од манастирот Св.Ѓорѓи Победоносец од Рајчица.