Неуспешен грабеж на пошта во струшко Велешта

На 05/06.01.2017 година во ПТЕ лоцирана во с.Велешта- Струга, од страна на непознати сторители била исечена и отворена железната врата (решетка), по што насилно била отворена и алуминиумската влезна врата од поштата и истите влегле внатре и од една од просториите одзеле метален сеф.

Потоа со употреба на штица го туркале низ скалилата се до асфалтниот пат, каде го оставиле по што го напуштиле местото на настанот. Во присуство на НККР-Струга, металниот сеф бил отворен од раководител на ПТЕ, при што било констатирано дека сторителите не успеале да го отворат истиот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и расчистување на случајот.