Одбележување на 9-годишнината од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце

Денеска, со положување на венец со свежо цвеќе пред споменикот кај Катлановско Блаце, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски им оддаде почит на 11-те загинати припадници на Армијата на Република Македонија во хеликоптерската несреќа во 2008 година.

Почит на загинатите им оддадоа и делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Армијата на Република Македонија и членови на семејствата на загинатите. Воедно, на спомен обележјето пред командата на Воздухопловната бригада во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, венец со свежо цвеќе во името на Министерството положи државниот секретар Елизабета Чуповска – Ристова.

DSC_5883_resize - Copy