СДСМ: Пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Охрид без никаков срам уште еднаш ги излажаа охриѓани

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„Пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Охрид без никаков срам уште еднаш ги излажаа охриѓани. Проектите што ги ветуваа во 2013 и во 2014 година, повторно ги ветија и вчера.

Власта во заминување ја ветува изградбата на марина по четврти пат – ветувањето е исто, само локацијата се менува. И експресниот пат Охрид – Пештани се ветува цели 3 години, но неговата изгрдба никако не започнува.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Охрид не им ја кажаа болната вистина на охриѓани – дека постоечките проекти за марината и за експресниот пат имаат негативно влијание врз животната средина и дека никогаш нема да бидат реализирани.

ВМРО ДПМНЕ ја крие вистината од охриѓани дека со таквите проекти сериозно се загрозува нашето природно наследство – Студенчишкото блато и Галичица. Затоа меѓународните финансиски институции одбиваат да ги финансираат ваквите штетни проекти на корумпираната власт, а Охрид годинава ќе се најде на листата на загрозени подрачја што се под заштита на УНЕСКО.

Подобро ќе беше пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Охрид да и‘ објаснат да охридската јавност зошто цели 4 години не е реализирана ниту една од ветените капитални инвестици?

Зошто Општата болница во Охрид е со блокирана сметка во финансиска дупка од над 2,5 милиони евра и зошто сите приодни магистрални и регионални патишта кон Охрид останаа непроодни и неисчистени од снегот кога за чистење на снегот секоја година на три фирми им се даваат 1,5 милиони евра народни пари.

ВМРО ДПМНЕ е партија која секогаш се стреми кон повисоки провизии од „дил ориентид“ тендерите и кон осиромашување и лажење на сопствениот народ. Мнозинството од граѓаните на Македонија, над 600 илјади, на 11 декември јасно ја изразија својата волја и избраа промени и нова одговорна власт.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ како опозиција во парламентот многу наскоро ќе мора да дадат одговори на поставените прашања за лажните ветувања, криминалните зделки, виртуелните инвестиции и нереализираните проекти.“– стои во соопштението.