Пуштенa во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „Света Матрона Московска“

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издаденa и пуштенa во оптек кованaтa парa за колекционерски цели „света Матрона Московска“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 213/16).

Кованата пара „света Матрона Московска“ ги има следниве карактеристики:

– на аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2017“, ознаката „Ag 925“ и тежината на монетата „31.1 g“. Во централниот дел од аверсот е прикажан дел од Покровскиот манастир во Москва, каде што се наоѓаат моштите на света Матрона Московска. Во заднината е прикажана контура на Манастирот. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик.

– на реверсот, во централниот дел од монетата е прикажана слика на Матрона Московска, врз основа на делото од Покровскиот манастир во Москва. Околу централната слика се прикажани златни украси. На долниот дел од монетата е испишано: „света блажена Матрона Московска“ на руски јазик.

Овaa кованa парa е изработенa од сребро Аg925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.

Цената на кованaтa парa „света Матрона Московска“ изнесува 3.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија на: Ковани пари за колекционерски цели.