Македонија 25-29 Шпанија

Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз на Светското првенство во Франција. Овој пат, нашата репрезентација изгуби од Шпанија со резултат 25-29.

И покрај тоа што Шпанија важеше за голем фаворит, овој натпревар започна сосема рамноправно. И обете репрезентации играа добро и ја имаа предноста наизменично. Нашата репрезентација имаше добра шанса на полувреме да замине и со голема предност, но предноста од 14-11 Шпанија успеа да ја намали и на полувреме се замина со нерешен резултат 14-14.

На самиот старт од второто полувреме Македонија дојде во водство, но Шпанија изедначи, го презеде водството и не го испушти до самиот крај на натпреварот. Колку и да се трудеа нашите ракометари, фаворитот се покажа во финишот. Шпанија го доби овој натпревар со 25- 29.

Наредниот натпревар Македонија го игра утре (19 јануари) против Исланд со почеток во 17:45 часот.

WebOhrid